Пејачот Сергеј Четковиќ се огласи со емотивна објава на социјалните мрежи откако во средината на март ги загуби својата мајка Драгица и таткото Слободан, кои починаа како резултат на коронавирусот.
Ова е веројатно најтешкиот период во животот на Ćетковиќ, а по повеќе од 40 дена од загубата на неговите родители, тој го напиша она низ што минува и им се заблагодари на сите за поддршката.
„Драги мои, поминаа 40 дена од ненадејното заминување на моите родители. Празнината е голема, болката и загубата е преголема и претешка, но животот мора да продолжи. Ви благодарам на сите за утешните зборови, сочувството и молитвите. Бесконечно сум благодарен“, напиша пејачот во петокот.
Да потсетиме, на 8 март, на неговиот роденден, Срегеј ја погреба својата мајка Драгица, која почина од последиците на коронавирусот, а на 14 март почина неговиот татко, кој се лекуваше од Коронавирусот во болница, но за жал не успеа да го победи фаталниот вирус.
По загубата на неговите родители, пејачот ја расплака јавноста со емотивна објава.
„Колку и да се обидува човек да се подготви, колку и да е силен, не можете да се подготвите за некои работи. Боли и боли и боли … Ми велат дека сè ќе биде добро, дека тоа е процес, како самиот живот. Во моментот кога ќе се збогувате со родителите, ја сфаќате таа болна, студена вистина. Дека веќе не сте дете. Нема повеќе таа родителска грижа, вознемиреност, радост, несебична љубов … Го нема повеќе тој што ме донесе на овој свет и оној што ме сакаше, ме бранеше и ме научи на живот“, напиша тогаш Сергеј.