Савич починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови, пишува Јутарњи лист.
Неговата ќерка и сопруга на Фејсбук објавија за ненадејната смрт на нивниот татко и сопруг.
– Нашиот татко, сопруг, гордоста и љубовта, Масимо Савич, не напуштија по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, тој ќе живее во нашите души засекогаш; насмеана, топла, силна, полна со љубов и исткаена од уметност. Ние ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ени и Мирна – стои во објавата на Фејсбук.
Тажната вест ја потврди и дискографската куќа Aquarius Records.