Почестете се со вкусен и лесен прилог кој е совршен за секој кој сака да се храни поздраво. Зеленчукот за кој станува збор денес е богат со различни хранливи материи, како што се витамини, антиоксиданси и растителни влакна. Одличен е за оние кои се грижат за исхраната, а одличен е и за оние кои сакаат да изгубат некој килограм вишок. Подгответе го како печен прилог кој ќе ги воодушеви и најпребирливите.

Состојки за 4 лица:

500 гр прокељ
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
2 супени лажици сок од лимон
100гр пармезан
Со бибер по вкус

Постапка:

  1. Прокељот се мие и се сечка на помали парчиња, помалите парчиња може да се остават цели. Излупете го лукот и ситно исечкајте го.
  2. Во сад измешајте масло, лук, сок од лимон, сол и бибер за да добиете еднолична смеса.
  3. Наредете го зеленчукот во плехот и прелијте со смесата. Промешајте за рамномерно да се распореди преливот.
  4. Печете околу 30 минути на 200 ° C. Нежно промешајте на половина од печењето, така што парчињата зеленчук рамномерно да се потпечат.
  5. Кога прокељот ќе порумени, оброкот е готов. Извадете ја тавата од рерна, посипете со пармезан и послужете.

By Author