Бидете свесни за ризиците кои ѓи превземате во служба на убавината.

Естетската хирургија има многу предности – може да ни помогне кога станува збор за изгледот на нашето лице и тело, но носи и одредени ризици. Овие ризици не се секогаш целосно објаснети од оние кои го спроведуваат третманот, што може да доведе до значителни проблеми за пациентите.

Дури и кога се изведува од високо компетентен и квалификуван медицински професионалец, операцијата носи ризици кои можат само да се минимизираат, но не и целосно да се избегнат.

Кога станува збор за одредени високоризични процедури, шансите нешто сериозно да тргне наопаку за време на операцијата се значително поголеми, до тој степен што некои пациенти треба двапати да размислат пред да одлучат да се подложат на операција.

Ви претставуваме пет од најризичните козметички процедури и наведуваме некои од нивните потенцијални опасности.

Бразилско подигнување на задникот
Британската асоцијација на естетски пластични хирурзи наведува дека оваа процедура има највисока стапка на смртност од која било естетска процедура, при што еден од 3.000 пациенти умира како резултат на операцијата.

Постапката вклучува отстранување на масните наслаги од еден дел од телото и вбризгување на тие маснотии во задникот, со цел да се промени неговата форма и целокупниот изглед. Оваа операција стана многу популарна, благодарение на познатите личности кои ја прославија преку социјалните мрежи.

Profimedia

Ако се направи погрешно, маснотиите може да навлезат во еден од главните крвни садови, што резултира со фатална белодробна емболија.

Има толку многу ризици поврзани со оваа процедура што Здружението на козметички хирурзи ги повика своите членови да престанат да ја нудат процедурата додека не се направат повеќе истражувања за нејзината безбедност.

Затегнување на стомахот
Намалувањето на стомакот е меѓу најчестите типови на операции за мажи и жени. Сепак, оваа техника вклучува значителен ризик, за кој многу луѓе не се целосно свесни.

Abdominoplasty Profimedia

Исто така наречена абдоминопластика, вклучува отстранување на вишокот кожа и маснотии од стомачната област, пред да се затегне преостанатата кожа за да се подобри изгледот на абдоменот. Процесот може да биде доста стресен за телото и може да доведе до згрутчување на крвта кои потоа би можеле да се инфилтрираат во белите дробови, со сериозни последици по здравјето на пациентот. Да не зборуваме дека е и крајно болно, за што неодамна сведочи и Ким Кардашијан која ја направи оваа процедура.

Липосукција
Липосукцијата е уште една процедура која често се смета за едноставно решение за слабеење, но реалноста е дека техниката вклучува голем број на потенцијални компликации.

Луѓето кои се подложени на липосукција го прават тоа за да ги отстранат специфичните локализирани масни наслаги од одредени области на телото. Ова е обично безбеден и успешен процес, но ако тргне наопаку може да доведе до сериозни инфекции, згрутчување на крвта или блокади на маснотии во белите дробови. Покрај тоа, промената во составот на телесните течности може да предизвика и дехидрација и хиповолемичен шок.

Многу од овие компликации може да бидат фатални во некои околности, поради што е важно липосукцијата да се третира како интензивна медицинска процедура наместо како „брза“ алтернатива на диета и вежбање.

Реконструкција на лицето
Реконструкцијата на лицето е категорија на операција која е толку голема што опфаќа широк спектар на различни процедури, од кои некои се посложени од другите. Некои операции се чисто од естетски причини, додека други се неопходни поради повреда, на пример.

Кога некој е подложен на интензивен процес на реконструкција на лицето кој цели неколку области одеднаш, ризиците се прилично разбирливи. Една од најопасните процедури во оваа категорија е ортогнатската хирургија, која вклучува преобликување и структурирање на вилицата – област населена со неколку критични крвни садови, што ја зголемува можноста за грешка.

Сепак, дури и едноставните процедури како што се течни силиконски инјекции на лицето, еден вид дермален филер, може да носат одредени ризици, особено затоа што тие често ги вршат лекари на кои им недостасува соодветна обука и квалификации.

Кога се администрираат неправилно, може да доведат до оток и слаби реакции на имунолошкиот систем. Многу е важно да бидете сигурни дека вашиот лекар е вешт и обучен доколку сакате да се подложите на оваа процедура.

Подигнување на телото
Подигнувањето на телото е една од најинтензивните форми на естетска хирургија и вклучува отстранување на значителни количини на вишок кожа и меко ткиво околу стомакот, задникот, долниот дел на грбот, бутовите и градите. Може да бара подигнување на целата абдоминална кожа, репозиционирање на папокот и затегнување на стомачните мускули.

Често се изведува кај луѓе со вишок кожа, вклучувајќи ги и оние кои доживеале значително губење на тежината. Процесот се состои од неколку различни процедури – вклучително липосукција, затегнување на стомакот и подигање на задникот – и може да потрае до осум часа. Пациентот цело ова време мора да биде под анестезија, што го зголемува ризикот од проблеми со срцето. Подигнувањето на телото, исто така, бара долго време за опоравување, што значи дека секој што размислува за овој тип на операција треба да го стори тоа само по темелна дискусија со обучен медицински професионалец за тоа дали постапката е навистина неопходна. Иако не постои начин целосно да се елиминираат ризиците кога се одлучува за една од горенаведените козметички процедури, барањето услуги од реномиран, квалификуван хирург ќе помогне да се намалат шансите нешто да тргне наопаку, известува cosmeticsurgerysolicitors.

By Author