Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос денеска се обрати на панел сесијата „Одржување на безбедноста во Европа“.
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, денеска го опиша Западен Балкан како слаба точка во европската безбедносна архитектура, која е подложна на потенцијални кампањи за руско влијание.
Слабата точка во европската архитектура и опасноста од Кремљ е Западен Балкан“, рече Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос.
Македонскиот претседател најави и дека смета оти САД треба да посветат поголемо внимание на ситуацијата во Западен Балкан, објави Ројтерс.
Светскиот економски форум Давос 2023 започна денеска и ќе трае до 20-ти јануар.