Наследничка на синџир луксузни хотели, стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг Картер Реум неодамна го добија своето прво бебе, син, преку сурогат, пишува People.

– Отсекогаш ми бил сон да бидам мајка и толку сум среќна што јас и Картер се најдовме во оваа улога. Многу сме возбудени што ќе го основаме нашето семејство и толку многу го сакаме нашето момче – вели новопечената мајка за People.

Парис на Инстаграм ја сподели и веста за доаѓањето на бебето, објавувајќи фотографија на која бебенцето ја држи за палецот.

– Веќе си сакан, зборовите не се потребни – напишала наследничката на синџирот луксузни хотели.

By Author