Актерката Меган Фокс важи за една од најубавите жени во светот, а овој статус продолжува да го потврдува од година во година. Меган плени со својата убавина, но и со самоуверениот став – и едноставно е невозможно е да не се свртите по неа. Покрај нејзината исклучителна убавина и сексипил, Меган и оваа година покажа дека знае да биде икона на стилот, појавувајќи се во неколку многу различни, но привлечни комбинации на облека. Нив ви ги претставиме подолу, а покрај овие нови комбинации на уличен стил, додадовме и неколку постари, иконски стилови според кои се сеќаваме на Меган. Ако сакате да изгледате и да се чувствувате како вистинска секс-бомба, нека ви служат овие фотографии како инспирација!
Легендарната детска маица „Војни на Ѕвездите“
Еден од легендарните стајлинзи по кои се сеќаваме на младата Меган е нејзината облека во која ги спои патиките и ниските фармерки со детска блуза од војна на ѕвездите која му припаѓа на нејзиниот син. Меган дури успева да изгледа секси во оваа маица, и ни покажува дека дефинитивно е совршена комбинација на девојка од соседството и холивудска убавица. Ние сакаме да изгледаме вака кога сме во опуштено друштво со пријателите – секој пат кога можеме.
50-Нијанси на сиво
Џемпер со риги преку кошула-фустан
Меган Фокс во облека на Версаче? Сè што ќе кажеме е ДА! Меган изгледа како да излегла на модната писта, а не на опуштена прошетка низ Беверли Хилс, а можеме само да се прашуваме која е нејзината магија. Зрачи со самодоверба додека носи мини фустан / кошула и џемпер во риги во интензивни бои, а целата комбинација ја направи уште посекси додавајќи ниски чизми на платформата. Со овој стајлинг таа се одлучи за мала зелена торба како додаток – што одговара на тоновите на џемперот.