Ана Винтур официјално го објави кодексот на облекување за Мет Гала 2023 година, што ќе се одржи на 1 мај оваа година во Њујорк. Традиционалната и најважна модна манифестација на чело со уредникот на американскиот „Вог“ ќе добие, според сите проценки, едно од најдобрите продолженија во последните неколку години.
„Овогодинешната Мет Гала ќе се одржи на 1 мај и ќе му оддаде почит на еден од најголемите модни таленти: Карл Лагерфелд. Придружната изложба насловена „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“ му оддава почит на плодниот дизајнер кој ги предводеше големите модни куќи, вклучително и Шанел, Фенди“ и „Клои“.
Микаела Коел, Пенелопе Круз, Роџер Федерер, Дуа Липа и Ана Винтур ќе претседаваат со вечерта. И да му оддадат почит на г-дин Лагерфелд не е само задача на музејските кустоси: дресот кодот од 2023 година е „Во чест на Карл“, стои на Инстаграм профилот на магазинот „Вог“.
Од 1948 година, Мет Гала се одржува последователно секоја година, со исклучок на 2000 и 2002 година, но и во 2020 година, кога беше откажана поради пандемијата на Ковид-19.
Настанот се врати на старите начини во 2021 година, но беше организиран во септември, а не во мај, а потоа минатата година продолжи традицијата да се одржува манифестацијата секој прв понеделник во мај.
Ана Винтур е на чело на овој настан од 1995 година. Во последно време доста е критикуван изборот на гости за настанот и модните изданија од црвениот тепих што и претходи на хуманитарната вечер. Некои веруваат дека угледот на Мет Гала е нарушен, а со Карл Лагерфелд како инспирација за овогодинешниот спектакл, се чини дека има огромни шанси манифестацијата Метрополитен музеј на уметност да се потсети на своите најдобри денови.