Доаѓаат топлите денови а со нив и полесна гардероба, да се подготвиме навреме, зимото и празниците кај сите нас ставија по некој килограм вишок. Здравите оброци не мора да бидат здодевни и невкусни.
Еве еден оброк кој се подготвува многу брзо и лесно, а што е најважно, не чини многу.
Секоја куќа сигурно ги има состојките потребни за подготовка на ова јадење и тоа:
3 јајца
3 лажици брашно
грст изрендан морков
бибер и
сол по желба.
За оние кои сакаат зачинета храна, по желба можат да додадат лук или мелена пиперка.
Печете на умерена температура од 3 до 4 минути од секоја страна. Важно е внимателно да се врти.
За филот потребно ви е сирење со малку маснотии и зеленчук по избор. Над намазот со сирење можете да наредите пилешки гради или друго чадено месо. Се разбира, тоа може да се направи без месо, само со додавање сирење или тофу.
Можете да додадете уште малку јогурт или дури непосредно пред јадење да ја прелиете со него тортиљата. Ако го направите тоа премногу рано, тортиљата премногу ќе омекне, па затоа не ја препорачуваме.
Најважно е да одговара на вашиот вкус, па имате слобода да ги подготвите и да ги изберете состојките што ги сакате и сигурно ќе биде вкусно!
Што јадете е уште поважно од тоа колку јадете. Оваа тортиља ќе ве држи сити три до четири часа, па можете да ја носите и на работа.