Израелските одбранбени сили објавија на Твитер дека добиле извештаи за сомнителна инфилтрација од Либан во израелскиот воздушен простор.
Според новинската агенција Ројтерс, во многу градови на северот на Израел се огласиле предупредувања.
Ројтерс, исто така, го цитираше израелскиот радиодифузер Кан дека проектили паднале во северен Израел, пренесува Би-Би-Си.
Сите цивили во областите каде се огласија сирените се замолени да влезат во засолништата и да останат во нив до понатамошно известување, соопшти израелската армија.
Нападот од големи размери, наводно, вклучувал и беспилотни летала кои доаѓале од правец на северната граница во средата вечерта.
Либански безбедносен извор изјави дека моќната вооружена група Хезболах истрелала две прецизни ракети кон Израел, кој групата го смета за свој заколнат непријател, пишува „Џерусалим пост“.
Набргу по почетокот на нападот, пристигнати се извештаи за терористи на параглајдери кои слетуваат во северен Израел. Ракетна тревога беше издадена и низ северен Израел.