Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на
Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени
на нафтените деривати во просек за 0,25% во однос на одлуката од 12.10.2023 година.

Од 17.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,349 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека
малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)
се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 45,349
ден/кг.

By Author