Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 0,50 денари за литар, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,094 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 16 од Законот за енергетика* (“Службен
весник на Република Македонија” бр. 96/18 и “Службен весник на Република Македонија” бр.96/19 и 236/22), член 8 став (2) од Правилникот за формирање на највисоки
малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, на седницата одржана на 04.09.2023 година, донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 89,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 46,158 (денари/килограм)

By Author