Цените на бензините поефтинуваат, додека дизелот повторно поскапува.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 17.06.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 4,307%, кај дизелот за 0,055%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,419% и кај мазутот има намалување е за 1,480%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50
ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,421 ден/кг и сега ќе изнесува 56,738 ден/кг.
Од 21.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 110,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,738 (денари/килограм)