Најдобриот тенисер на светот Новак Џокович ќе ја представува Србија на АТП купот во Сиднеј, па така многу е веројатно уште на 1-ви јануари да се најде на теренот.

Познато е дека тениската репрезентација на Србија на стартот ќе ги одмери силите со Норвешка, прв противник во Новата календарска година на првиот рекет ќе му биде Каспер Рууд.

Ова 22 годишно момче кое за десет дена ќе слави роденден оваа сезона ја започна како 27 на АТП листата. Во истава бележеше фантастични резултати-освои пет титули и го играше Завршниот мастер во Торино,па така Руд заедно со Зверев кој исто има освоено пет турнири годинава се најуспешни на АТП турнирите. Каспер Рууд годинава ја завршува на осмото место.

Руд двапати има играно против Џокович и тоа во Италија годинава и во 2020 на Мастерсот во Рим, двапати е поразен со 2:0.

By Author