Манекенката и реалити ѕвезда Кендал Џенер ужива во зимата во Аспен, а со своите следбеници споделила серија фотографии на кои позира во минијатурно бикини на снегот.

„Вим Хоф препорача ледени бањи“, напиша манекенката, алудирајќи на холандски мотивациски говорник и екстремен спортист познат по неговата способност да издржи ниски температури кои ги зајакнуваат умот и телото.

Иако горе беше само во костим за капење, Кендал носеше големи крзнени чизми на нозете.

„Фотографија на годината“, „Премногу добра“, „Убава“, „Здравјето никогаш не изгледало подобро“, беа комплиментите под објавата која собра над единаесет милиони лајкови.

Да потсетиме, манекенката се соочи со опасност во април минатата година кога беше откриено дека маж го планирал нејзиното убиство. Тој изјавил дека планирал да купи нелегално оружје и да пука во Џенер, а потоа да се самоубие, се вели во документот.

Поради тоа е задржан во психијатриска установа и му е забрането да се приближува до манекенки.

By Author