Што и да облече Хејли Бибер, сигурно ќе биде хит. Така беше и со необичниот црн фустан кој наликува на сако.

Овој мал црн фустан доаѓа со препознатливиот бренд Sportmax, инаку во сопственост на модниот гигант Макс Мара. Вниманието го привлече со високата јака, џебовите на колковите и широките ракави, сето ова на многу тесен крој.

Фустанот може да се носи и како сако, на здолниште или панталони и може да се најде во двете категории. Сепак, изгледа дека трендсетерките сакаат да го носат како фустан, исто како Хејли која го прослави. Фустанот во моментов е распродаден.

Благодарение на едноставниот крој и растеглив материјал, овој фустан изгледа и малку футуристички.

Фустанот стана вирален на TikTok како најбараниот модел оваа сезона.

„Овој фустан ми треба во животот“ се само дел од коментарите.

Трендсетерките трпеливо чекаат нова серија на популарниот фустан кои го залуде светот. Може да се носи како елегантно модно парче, а може да се носи и во секојдневни кежуал варијации. Сепак, Хејли Бибер никогаш не потфрлила кога станува збор за диктирање на трендовите.

By Author