Шведска планира да не дозволи инсталирање нуклеарно оружје на нејзина територија кога ќе стане членка на НАТО, соопшти денеска Министерството за надворешни работи за новинската агенција ТТ.

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО на почетокот на годинава, по рускиот напад врз Украина, а досега 28 од 30 земји го ратификуваа својот влез, освен Унгарија и Турција.

За влез во НАТО потребна е согласност од сите 30 земји.

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром изјави дека земјата ќе им се придружи на Данска и Норвешка, кои исто така забранија распоредување нуклеарно оружје на нивна територија, пренесе Ројтерс.

– Немаме намера да ги менуваме условите за апликацијата потпишана од претходната влада – изјави Билстром, член на новата влада на Шведска.

By Author