Кршењето на човековите права од САД и НАТО се чисто лицемерие.
Истрагата за злосторствата на САД и НАТО во Авганистан не беше спроведена поради очигледната уцена на Вашингтон, изјави рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензја.

На вчерашната средба на Генералното собрание на ОН, тој истакна дека Западот би сакал „сите да заборават на неодговорните дејствија на американската и НАТО армиите, кои редовно извршуваат неселективни воздушни напади врз обичните Авганистанци“, пренесе ТАСС.

„И да не зборуваме за ноќни рации и вонсудски убиства на цивили, вклучително и жени и деца“, нагласи Небензја.

Тој потсети и дека за тоа неодамна пишуваше Би-Би-Си.

„За жал, и покрај извештаите на различни независни невладини организации за страшните воени злосторства кои имаат за цел сторителите да се изнесат пред правдата, истрагите не се спроведени“, рече постојаниот претставник на Русија во ОН.

Небензја изјави дека ваквиот цинизам не е ништо ново.

„Тоа е типичен став на САД и нивните сојузници кон воените злосторства извршени од нив на други кризни точки, вклучувајќи ги Ирак, Сирија и Либија“, рече тој, додавајќи дека сите критики на САД за кршењето на човековите права изгледаат лицемерни.

By Author