Насилството врз жените е долга и не завршена војна за многу жени ширум светот. За да се помогне и да се подигне свеста за овој друштвен проблем во 1981 година е одбран 25 ноември за меѓународен ден на насилството врз жените.

Недопустливо е во 21 век да се трпи насилство затоа што си жена. Жената не се дефинира себеси како сопственост на маж, туку пред се како човек. Предрасудите кои ги има многу доведуваат до насилство. Многу е важно да се каже дека насилството не треба да се трпи, независно од каде доаѓа ,треба да се пријави, па дури и анонимно.

Уште еден проблем доведе до ненадеен пораст на семејното насилство над жените, а запазен е во целиот свет.

Со појавата на пандемијата на корона вирусот во 2019 и принудното затварање кое беше неизбежно,доведе до зголемен број на пријави за претрпено насилство,но и поголема стапка на смртност како резултат на истото. Овој немил тренд доби и свој назив од страна на UN woman, група при Обединетите нации “Пандемија од сенка”.

Во текот на пандемијата сите безбедносни предизвици поврзани со насилството се намножија, покрај физичкото, многу почесто се појавува и сексуалното и ментално насилство. Бројот на жртви на сексуално насилство во 2020 е зголемен за една третина,посебно загрижува што голем број од жртвите се малолетни девојчиња.

Кажаното НЕ значи НЕ да застанеме на патот на секаков вид на насилство.

By Author