Силно невреме пропратено со грмежи, град и силен дожд го погоди градот Ројтлинген, Германија. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како густа снежна покривка да ги прекрила улиците на градот.
Се гледа белиот слој на градот кој за краток временски период достигна околу 30 сантиметри.
Токму овој слој од градот, како и лисјата, ги затворија одводните цевки, така што водата ги поплави подземните гаражи, подруми и станбени згради.
За расчистување на патиштата техничките служби донесоа снежни машини, соопшти градскиот портпарол.