Најмалку 64 лица загинаа кога авион на домашниот авиопревозник Џети ерлајнс се урна во Непал, изјави претставник на авијацијата.
Ова е најтешката авионска несреќа во Непал во последните три децении.
Стотици спасувачи биле на местото каде се урнал авионот. Времето беше ведро, изјави Јаганат Нирула, портпарол на непалската цивилна авијација.
„Испративме 31 тело во болница и сè уште извлекуваме 33 тела од клисурата“, рече претставник на полицијата, додавајќи дека спасувачите имале проблем да стигнат до местото на несреќата во клисурата меѓу два рида недалеку од аеродромот во туристичкото место.
Локалната телевизија покажа густ црн чад видлив на местото на несреќата додека спасувачите и групи луѓе се собраа околу урнатините.
Во авионот на Jeti Airlines имало 72 лица.
Авионските несреќи не се невообичаени во Непал.