Најмалку седум лица загинаа во силните поројни поплави предизвикани од обилните дождови во северозападниот дел на Турција, јави денеска турската државна агенција Анадолија.
Две лица загинаа, а 31 се повредени во северните квартови на Истанбул Башакшехир и Кучукчекмеџе, каде што поплавите ги поместуваше автомобилите по улиците, јавува Ројтерс.
Пет лица загинаа, а едно лице се води како исчезнато во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија и Грција, откако неколку куќи беа поплавени, јавуваат локалните медиуми.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат и вети финансиска поддршка за семејствата во подрачјата погодени од поплавите.
Околу 125 литри дожд на квадратен метар го погодија Истанбул за помалку од шест часа, што е еднакво на она што вообичаено паѓа во Истанбул во септември, според Ројтерс.