Грешка во системот која може да се искористи.

Евтините авионски билети секогаш им се добро дојдени на оние кои сакаат да патуваат, па затоа не е на одмет да знаете неколку совети со кои билетите може да се купат навистина евтино.

Но, за некои цени не е лесно да се поверува.

За што точно се работи?

Ивана и Горан Бабиќ се блогери кои патуваат низ светот. На Инстаграм тие со задоволство споделуваат приказни за патувања, даваат совети како другите можат да патуваат по прифатлива цена.

Меѓу другото, тие го издвојуваат сајтот Secretfly, за кој велат дека крие грешки на авио компаниите кој може да се искористат.

Имено, авио компаниите понекогаш објавуваат грешки на таа веб-страница, а билетите се нереално евтини.

„Алгоритмот прави грешки и на веб-страницата, на пример, се појавува дека можете да одите од Милано до Њујорк за 80 евра или од Загреб до Делхи за 70. Кога ќе го сфатат тоа, авио компаниите менуваат, но билетите кои биле продадени по тие цени остануваат“, објаснуваат Ивана и Горан и додаваат дека вообичаено секојдневно најавуваат по неколку летови до различни делови на светот.

Освен овие „багови“, преку оваа страница може да се најдат и други примамливи понуди.

Еден од нив е лет од Белград до Дубаи за 380 долари за полетување, да речеме, на 6 февруари и враќање на 14 февруари 2023 година.

Или, на пример, лет од Милано до Мексико за 354 евра за мај следната година.

Доколку на почетокот не го земете посакуваниот лет, секако можете да добиете инспирација за следните патувања, а со малку среќа, да го остварите вашето патување од соништата за многу помалку пари отколку што мислевте.

By Author