Европскиот парламент ја означи Русија како „државен спонзор“ на тероризмот поради нејзините акции во Украина. Парламент со големо мнозинство гласови усвои резолуција со која Русија ја прогласи за државен спонзор на тероризмот, но не сите европратеници беа за таа одлука.
За гласаа 494 пратеници, против 58, а воздржани 48.
– НАТО е една од најкрвавите терористички групи кои ја проколнаа оваа планета Земја. НАТО уби милиони луѓе. Апсурдна е идејата секој претставник на земја од НАТО кој било друг да го етикетира како спонзор на тероризам, пред да го каже истото за сопствената земја – изјави Мик Валас, европратеник од Ирска.
Потсетуваме дека одлуката на Европскиот парламент за Русија не произведува директни правни последици.