Иако пред неколку години, кога стави крај на бракот со Лука Лазукич, изјави дека никогаш повеќе нема да се омажи, се чини дека животот има други планови за новосадската Барбика. Имено, популарната пејачка неодамна се врати од американска турнеја полна со впечатоци, а таму и се случија неверојатни работи.
– Америкичката турнеја на Наташа ја воодушеви тамошната публика и се покажа како една од најуспешните во последните години. Луѓето полудеа по неа, нејзината енергија и убавина, а таа се трудеше да ги запознае сите кои сакаат да се сретнат или да се фотографираат со неа. Сепак, на нејзиниот настап во Њујорк се појави човек кој беше толку опседнат со неа што не му беше доволно лежерното познанство, па веќе два месеци е решен да ја освои по секоја цена – изјави извор близок до пејачката, која била шокирана од изненадувањето.
– Колку овој моќен маж од Њујорк лудувал по неа, станало јасно откако успеал да ја најде нејзината адреса и и испратил букет од триста црвени рози со дијамантски прстен. Сè додека не го видела прстенот, таа верувала дека цвеќињата дошле од обожаватели. Се шокирала кога покрај пораката во која момчето го открил идентитетот и ѝ понудил брак, видела прстен вреден повеќе од 15.000 евра – изјави за Ало! изворот и додадл дека Наташа сака да го врати прстенот.
-Се уште е шокирана од фактот што овој човек ја нашол адресата на која живее и е решена да го врати прстенот и културно да ја одбие неговата понуда. Иако делумно и е симпатично што тој до толку се потрудил, таа не сака да задржи ништо толку скапо од маж со кој не ни планира да оди на состанок. Од друга страна, таа не сака да има директен контакт со него и да навлегува во подлабока приказна, па најверојатно некој од нејзиниот тим наскоро ќе го контактира и ќе му се заблагодари за изненадувањето, но и ќе му го врати скапиот дијамант – рекол изворот. .