Отворање на небото.Ова е најпознатиот обичај поврзан за Богојавленската ноќ. Така, се верува дека на Богојавление поточно на полноќ, се отвора небото. Тогаш треба да погледнете во небото и да си замислете желба за која се верува дека со сигурност ќе се оствари.
Се верува дека девојките може да откријат со кого ќе се омажат преку разни трикови и обичаи, а ние ви претставуваме 3 обичаи кои некогаш ги знаела секоја девојка!
Вашата животна љубов чека да се сретнете, а вие можете барем да „ѕирнете“ во вашата иднина и да откриете дали идниот сопружник е некој од вашето опкружување! Еве како, според народните верувања, секоја девојка може да открие со кого ќе се омажи…
Ако сте за вљубени во некого и сакате да знаете дали остатокот од животот ќе го поминете со него, се верува дека златниот прстен може да ви помогне да откриете. Земете неколку влакна од вашата коса и на нив закачете златен прстен, а потоа ставете ја косата со прстенот над чаша вода. Се верува дека ако прстенот трипати удари во чашата момчето што сте го замислиле ќе стане ваш сопруг.
Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.
Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става име на симпатијата, а едно топче останува празно.
Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе ја кажува судбината. Ако најпрво исплива празното топче на површината, тогаш девојката сè уште не го запознала нејзиниот животен сопатник.