Ако сакате да согорите повеќе маснотии, пијте кафе половина час пред тренинг, велат научниците, кои врз основа на едно мало истражување направено со помош на 15 помлади мажи заклучиле дека три милиграми кофеин на килограм телесна тежина го забрзуваат согорувањето на маснотиите за време на вежбање.

Администрацијата за храна и лекови (ФДА) препорачува здравите луѓе да не внесуваат повеќе од 400 милиграми кофеин на ден, што е приближно четири или пет чаши. Треба да се има на ум дека некои луѓе различно го метаболизираат кофеинот и ги чувствуваат негативните ефекти кога конзумираат помали количини кафе. Просечната шолја кафе содржи околу 100 милиграми кофеин.

Кафето како стимуланс честопати се поврзува со подобри атлетски перформанси, иако научните докази кои стојат зад таа теорија не се толку сеопфатни како што треба.

За да истражат како кофеинот го подобрува согорувањето на мастите, научниците од Одделот за физиологија на шпанскиот универзитет во „Гранада“ го испитале влијанието на внесувањето кофеин врз максималната стапка на оксидација на маснотии кај активните помлади мажи за време на умерен тренинг. Петнаесете волонтери испитаници, кои учествува во истражувањето беа на просечна возраст од 32 години.

Резултатите покажале дека по конзумирање на кофеин кај испитаниците, согорувањето на мастите во текот на утрото се зголемило за 10,7 отсто и за дури 29 проценти попладне.

Разликата не изненадува бидејќи според деноноќниот ритам, согорувањето на маснотиите е помало наутро отколку попладне, изјави Франциско Хозе Амаро-Гахете, научник од шпански универзитет.

Шпански научници велат дека консумирањето силна чаша кафе или еквивалентна количина кофеин непосредно пред умерено интензивен тренинг во попладневните часови дава голем резултат.

Со оглед дека ова е студија со релативно мал број учесници, рано е за конечни заклучоци, но резултатите јасно покажуваат дека зголемено согорување на маснотии сепак постои.

А, треба да се има на ум и дека прекумерната потрошувачка на кофеин може да предизвика непријатни несакани ефекти, како што се несоница, нервоза, вознемиреност, забрзано чукање на срцето, гадење и главоболки.

By Admin