Со годините и исхраната трба да се менува, некој намирници треба помалку да се користат додека други треба сосема да се исфрлат.

Шеесетите не носат само седа коса и брчки, туку и забавување на метаболизмот, губење на хормоните и многу други промени.

За среќа, постојат работи што можеме да ги направиме за да го забавиме овој неизбежен процес. Едена од нив е внесувањето на одредени намирници поредовно кои ќе ви овозможат да се чувствувате подобро и да ја зачувате виталноста на телото.

Риба

Конзумирањето риба и други извори на здрави масти може да ви помогне да одржите силно, здраво срце, особено ако заменува некои од изворите на нездрави масти во вашата секојдневна исхрана.

Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук содржи лутеин и зеаксантин, соединенија кои го намалуваат ризикот од дегенерација на жолти дамки и катаракта. Спанаќот и кељот се особено богати со нив. Во оваа група спаѓаат и зелената салата, блитвата, зелката, брокулата, копривата, сремушот и голем број зачини. Не треба да заборавиме дека овој вид зеленчук содржи најмалку калории, но голем број на витамини и минерали: железо, фолна киселина, калциум, магнезиум, витамин Ц и бета каротин.

Зелениот зеленчук е богат извор на витамин К, кој е клучен за згрутчување на крвта и формирање на коските. Зелената храна е чувствителна на високи температури и долго готвење, па најдобро е да ја користите сирова или на пареа.

Цвекло

Ако го јадете редовно, ќе добиете многу витамини А и Ц, како и фолна киселина, влакна и минерали како што се калциум, калиум, манган и железо. Се верува дека цвеклото ја подобрува кондицијата, спречува деменција и го намалува крвниот притисок.

Јаткасти производи

Истражувањата покажаа дека ако јадеме 30 грама мешани јаткасти плодови секој ден, го намалуваме ризикот од срцев и мозочен удар за 28 проценти.
Можете да јадете секаков вид јаткасти плодови, вклучително и кикиритки, само не пржени, туку печени и несолени.

Суви сливи

Ако внесувате пет до шест суви сливи секој ден, тоа може да помогне да се спречи губење на коскената маса, велат експертите. Бидејќи коските ја губат густината по 60-тата година од животот, почестата употреба на храна како сливи може да биде клучна за одржување на здравјето и мобилноста.

Сувите сливи се познати и како храна која го регулира варењето.

By Author