Оброк со мусли направен од различни зрна ќе стане вашиот омилен утрински оброк
Појадок кој лесно се подготвува и идеален за комбинирање со бобинки. Миксот на мусли е одличен избор за секој кој се грижи за својата исхрана, сака да ослабне или само да го забрза метаболизмот и да го подобри варењето.
Ако ви недостига сладост, можете да додадете малку мед или цимет, а ако немате бобинки дома, можете да користите било кое друго овошје: кајсии, праски, банани, а можете да додадете и сушено овошје.
Направете ја смесата сами од следниве состојки:
- Сирови семки од тиква и сончоглед
- бадеми и ореви (по избор)
- Овесна каша
- Овошје по избор (малини, боровинки, банани, кајсии, сушено овошје)
- Млекото што вообичаено го користите (обично кравјо, бадемово, млеко од соја, кокосово млеко)
Постапка
Во сад ставете ги овесните снегулки и семките и прелијте ги со млеко и убаво измешајте. Оставете малку време семките да го впијат млекото и да набабруваат.
Ако сакате да ги засладите муслите, додадете малку мед или цимет.
Преку смесата ставете овошје, најдобро е да користите свежо.
Ако треба да додадете друга состојка на оваа микс слободно тоа направете го и нема да погрешите