Како да си помогнете во текот на летните денови и поради високите температури, како и остатокот од телото, лицето повеќе се поти, па мрсната кожа е секојдневен проблем за повеќето жени…

Ако имате мрсна кожа на лицето, секогаш страдате од истиот проблем – мрсната=сјајна кожа во лето добива и „леплива фолија“ која често не може да се покрие ниту со внимателно одбрана пудра.
Појавата на мрсна кожа создава поголеми можности за формирање на акни. Еве како да избегнете вашето лице да стане сјајно, а додатно и да не се изиритира.

Редовно миење – Еден од најефикасните методи против потта на лицето и вишокот масни наслаги се крие во наједноставната рутина – миењето. Се препорачува миење со млака вода најмалку два до три пати на ден.

Маски за лице – Ако вашето лице се поти повеќе од вообичаено, користете маски за лице од глина двапати неделно. Глината, за разлика од другите состојки, има поголема моќ на апсорпција.

Кремот е сè – Кремот е многу важен за мрсна кожа. Затоа изберете лесна текстура на крем која е на база на вода или во форма на гел крем. Овој тип на крем ќе ја хидрира и негува кожата без да остави сјајна трага.

Без шминка – Тешката шминка доведува до затнување на порите, а проблемот е уште поголем на високите температури. Дозволете и на вашата кожа да дише, а ако навистина ви треба, нанесете само лесни производи како влажни тонирани креми.

СОС помош – блотери
Во вашите летни чанти мора да има марамчиња за апсорпција на вишокот маснотии (или хартија). Лесни се, не заземаат многу простор и делуваат како сунѓери кои го апсорбираат вишокот маснотии од лицето. Подобро е да се впие вишокот масло во текот на денот или навечер, отколку да се покрие лицето неколку пати со пудра.

By Author