Израелскиот Мосад доби јасни инструкции.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека разузнавачката агенција Мосад добила инструкции да дејствува против Хамас каде и да е.
Во изјавата за новинарите, Нетанјаху го коментираше постигнувањето договор со Хамас за размена на заложници, а потоа изјави дека разговарал со лидерите на Мосад.
„Тоа беше тешка одлука, но правилна. Му наредив на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас каде и да се“, рече Нетанјаху.
Инаку, она што е познато е дека одредени лидери на Хамас се надвор од палестинските територии и се стационирани во Катар. Кога станува збор за привремениот прекин на огнот, премиерот на Израел изјави дека прекинот ќе биде привремен, пренесува Мондо.