Голема експлозија кај Нијагарините водопади: Затворени гранични премини меѓу САД и Канада
Не е јасно дали има загинати или повредени, а потеклото на експлозијата останува непознато.

Експлозија во која учествуваше автомобил на мостот Виножито кај Нијагарините водопади предизвика хаос долж границата, а сите четири копнени премини меѓу САД и Канада се затворени додека не се утврди причината за експлозијата.

Експлозијата била пријавена во средата попладне, пишува „Дејли мејл“.

Градот Нијагарините водопади соопштија дека експлозијата дошла од автомобил кој се обидел да влезе во САД од Канада.

ФБИ ја истражува експлозијата на возило во средата на граничниот премин Рејнбоу Бриџ меѓу САД и Канада, според извори на Фокс њуз, обид за терористички напад. Две лица загинаа.

Експлозивот во тој момент бил во возилото, а двете лица кои биле во автомобилот биле мртви, изјавија извори на Фокс њуз. Повреден е граничен службеник.

Сите мостови се затворени во областа и сите владини згради се евакуирани, велат изворите.

By Author