Добриот стар лен се враќа во мода ова лето, лесен за носење а шик на изглед фустаните, панталоните,сакоата од овој материјал ќе бидат целосен моден погодок за ова лето.
Акцентот ќе падне на женските шорцеви и панталони кои совршено се вклопуваат со романтичните блузи во бохо стил,но и со класичните еднобојни кошули.
Ленот најдобро изгледа во минималистички изданија па за ова лето одлучете се за класични едноставни кроеви во исти или слични бои.Како што тоа го направиле овие дами.