Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, го нарече „вознемирувачки“ фактот дека американскиот претседател Џо Бајден има нуклеарно оружје во рацете.

Медведев укажа на возраста на американскиот лидер, тврди дека „боледува од деменција“ и дека е „закопан во семејна корупција“, а во исто време аплицира и за реизбор за претседател на САД.

Медведев вели дека Бајден „без двоумење“ изјавил дека распоредувањето на руско нуклеарно оружје во Белорусија е целосно неодговорно.

– Во исто време, американското нуклеарно оружје е распоредено во Европа – во Германија, Белгија, Холандија, Италија и Турција – посочи тој.

– Проблеми, се разбира. Овој човек има нуклеарно оружје во рацете – напиша Медведев.

By Author