Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Калифорнискиот залив во Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Како што наведе, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.

Нема опасност од цунами за американскиот Западен брег, Британска Колумбија или Алјаска, соопшти американскиот центар за предупредување од цунами.

Засега не е соопштено дали во земјотресот има повредени или пак е причинета материјална штета.

By Author