На 10.04.2021 во 17.50 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.О.А.(24) од Р.Турција и И.Б.(19) од Скопје, бидејќи при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 10.04.2021 на делницата Скопје – Охрид – Свети Наум беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, санкционирани се 330 возачи за брзо возење, од кои 21 возеле со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 124 со брзина од над 50 километри на час повеќе дозволеното.

На 10.04.2021 во периодот од 09.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената надвор од населено место. Утврдени се 173 прекршувања кои се санкционирани со соодветни поднесоци.

На 10.04.2021 во 19.50 часот во СВР Скопје, А.С.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„Александар Урдаревски“ била касната од куче скинтик.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на 10.04.2021 спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што управуваат возила со брзина поголема од дозволената на територијата на Куманово. Притоа, санкционирани се 63 возачи за брзо возење. При контролата откриени се и законски санкционирани и пет останати прекршоци.

By Admin