Кривична пријава против битолчанец за фалсификување на пари

На 20.12.2021 Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на БЈБ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против З.Т.(23) од Битола, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „фалсификување пари“, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Имено, кривичнопријавениот во текот на 2021 година набавил лажни пари, и тоа вкупно 25 фалсификувани банкноти во апоени од по 500 евра, за кои знаел дека се фалсификувани, со намера да ги пушти во оптек како вистински. На 15.06.2021 З.Т. најпрво пуштил во промет 5 фалсификувани банкноти од по 500 евра во филијала на банка во Скопје, без да бидат забележани од страна на вработениот во банката дека се фалсификат, по што на 17.06.2021 повторно пуштил во промет 20 фалсификувани банкноти од по 500 евра, во истата банка.

Со ова пријавениот З.Т. пуштил во промет вкупно 12.500 фалсификувани евра, со што се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 766.250 денари, на штета на банката, со што ги извршил кривичните дела „фалсификување пари“, предвидено и казниво по член 268, во врска со член 45 „продолжено кривично дело“ од Кривичниот законик. 

243 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 243 возачи. Од нив шест возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 93 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 150 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

105 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  

23 санкционирани возачи за затемнети стакла

Во периодот од 13.12.2021 до 19.12.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 23 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

By Author