Приведен крадец од гостиварско, расчистени три кривични дела
На 01.12.2021 во 09.45 часот во Неготино, полошко, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Н.Ќ.(31) од гостиварско Ѓурѓевиште. Тој се сомничи дека извршил три тешки кражби во продажни објекти во Неготино, полошко. Н.Ќ. бил задржан во Полициската станица Гостивар и со него бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Приведено лице за из
На 01.12.2021 во 22.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(22) од Скопје. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување казна затвор од две години и шест месеци. Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
127 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (01.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 127 возачи. Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.