На 16.06.2021 во 10.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Г.С.(39) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2021 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Марино го лишиле од слобода Б.Р.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2021 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода А.Т.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 17 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 20 возачи управувале возило без возачка дозвола и шест возачи разговарале на мобилен телефон. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 17.06.2021 во 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје Б.М. (24) од Скопје управувајќи мотоцикл „пиаџо беверли“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 16.06.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за брзо возење 34 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 17 казнети мотоциклисти, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, 15 за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, 77 санкции за непрописно паркирање.

На 16.06.2021 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје електричен тротинет, управуван од засега непознато лице, удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата. Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 101 прекршок.

На 16.06.2021 во 14.10 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Градската болница Прилеп била донесена Б.С.(79) од Прилеп со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода. Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека околу 12.30 часот на 14.06.2021 на ул,,Трајко Сандански“ во Прилеп била удрена од непознато возило, но не го пријавила случајот и не отишла на лекарски преглед. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.06.2021 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, А.П.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„Бледски договор“ била касната од куче скитник.

На 16.06.2021 во 05.10 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службенци го лишиле од слобода Х.Д.(57) од Р.Србија, бидејќи при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на „Стоп-листа“, по барање од Интерпол. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 16.06.2021 во 17.45 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Т.О.(42) од Р.Турција бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана патна исправа. Лицето било предадено на полициски службенци од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од с.Панчарево, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Пријавениот, на 18.05.2021 во с.Град, делчевско, физички го нападнал Е.А.(29) од с.Црник, пехчевско и му нанел повреди.

СВР Битола и СВР Охрид поднесоа кривични пријави против И.Б.(21) од с.Буково, битолско, Н.А.(20), Д.М.(26), Р.А.(40), З.Н. (52) и Е.П. (20), сите од Битола, Ѓ.Н. (22) од с.Милошево, крушевско, Т.С.(39) од с.Единаковци, демирхисарско, К.С.(37) и А.Г.(37) од Битола, Л.К. (32) од с.Рапеш, В.Ј.(24) од с.Новаци, Н.Т.(36) од с.Маково, А.Г.(37) и К.З.(41) од с.Јанковец, битолско, Б.М.(28) од с.Туин и С.Б.(60) од с.Колари, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 05.04. до 13.06.2021 се движеле без дозвола за движење за време на забрана за движење.

На 16.06 2021 во с.Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода А.К.(25), поради сомнение дека околу 20.30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Ј.К.(48), од кои подоцна починал. По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која Ј.К. со ловечка пушка му се заканил на А.К.. За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција. При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.06.2021 во 14.30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, но возилото продолжило со движење. Набргу потоа, возачот го запрел возилото и го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 17 лица илегални мигранти. Тие биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 17.06.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје, Е.М.(21) пријавил дека на подрачје на Шуто Оризари бил физички нападнат од Е.С.(20). Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 16.06.2021 во 07.40 часот во СВР Скопје, И.Л.(83) од Скопје пријавила дека две лица во нејзината куќа на подрачјето на Влае физички ја нападнале со тврд предмет, при што ѝ одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.06.2021 во 06.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ж.(25) од Скопје, бидејќи бил затекнат со остар предмет на јавно место и не ги почитувал наредбите издадени од полициските службеници. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.06.2021 во 10.00 часот во СВР Скопје, Х.Ј.(60) од Скопје пријавил дека на 16.06.2021 во периодот од 15.00 до 16.00 часот, во близина на катна гаража на подрачје на Центар, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.06.2021 во 13.15 часот во СВР Скопје, Д.К.(68) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот пронашол залутано зрно, кое направило оштетување на неговото патничко возило „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки на подрачјето на Драчево. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, која го подигнала зрното за понатамошна постапка.

By Author