На 14.06.2021 во 05.30 часот на граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Х.У.(36) од Словачка, бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека не е евидентиран во службената евиденција со словачката патна исправа и лична карта, а кај него биле пронајдени и словачка возачка дозвола и турска патна исправа. По извршен разговор, тој потврдил дека словачките документи се фалсификувани и дека ги набавил од лице во Р.Албанија, додека турската патна исправа е негова сопственост. Притоа, било утврдено дека пријавениот остварил влез во РСМ со турската патна исправа на 11.06.2021 преку граничен премин „Ќафасан“, а фалсификуваните документи сакал да ги употреби за патување од „Меѓународен Аеродром Скопје“. Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции – Скопје за понатомошна постапка.

На 14.06.2021 во 16.00 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле приведени А.П.(50) и Г.П.(53), двајцата од Р.Грција, поради предизвикано нарушување на јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување и кршење на предмети. Лицата се предадени на судија за претходна постапка во Основен Суд Битола за понатамошно постапување.

На 14.06.2021, на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 15 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, осум возачи разговарале на мобилен телефон и едно возило било технички неисправно. Под дејство на алкохол управувал еден возач и тој бил исклучен од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 14.06.2021, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот. Притоа, биле констатирани 37 прекршоци, од кои 7 за управување без возачка дозвола, 5 за технички неисправни возила, 5 за непрописно паркирање и 17 останати прекршоци. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

На 14.06.2021 околу 23.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – с.Аргулица, во с.Стар Караорман, А.М.(29) од Кочани, управувајќи патничко возило „смарт“, со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

На 14.06.2021 во 13.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.А.А.(67) од Русија, бидејќи не приложил никаков документ за утврдување на идентитетот. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

На 14.06.2021 во 18.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Р.И.(49) од Р.Албанија и велосипед, управуван од Ф.Ј.(61) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

На 14.06.2021 во 23.10 часот во СВР Скопје, С.М.(40) од Скопје пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник.

На 14.06.2021 во периодот од 00.00 часот до 04.00 часот констатирано е дека 4 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (14/15.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 140 прекршоци.

На 14.06.2021 околу 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека И.А.(51) од крушевското село Саздово, управувајќи трактор со дрва во Бунец на Маврово, изгубил контрола и се превртел, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на незгодата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На 14.06.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје, А.Т.(23) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил каснат од куче скитник.  

ОВР Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против И.С.(43) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 07.11.2020 во Свети Николе, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле марихуана и хероин.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. На 11.06.2021 во атар на с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот откриле дека пријавениот превезувал 20 мигранти во товарно возило.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Н.(23) од с.Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „одземање на моторно возило“. Пријавениoт,заедно со уште едно лице, на 21.02.2021 на ул.„Петре Филиповски Гарката“ одзеле патничко возило „форд фиеста“ и околу 20.00 часот со возилото отишле во спортска обложувалница на ул.„Јужноморавски бригади“, каде што со закана од вработените одзеле пари.

ОВР Неготино поднесе кривичнa пријавa против Ќ.П. од с.Бистренци, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавениот, на 28.05.2021 во с.Бистренци со ловна пушка испукал куршум кон домашно животно, а притоа дел од испуканите сачми завршиле во куќата на фасадата и на ролетната од прозорецот на М.А..

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против И.М.(45) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 05.03.2021 околу 22.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола во угостителски објект, сопственост на пријавениот, и констатирале дека објектот работел и после пропишаното време и во него биле затекнати 11 гости послужени со пијалаци.     

На 14.06.2021 во 11.00 часот во СВР Скопје, П.В.(30) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот, додека извршувал работни задачи на наплатна рампа од паркинг при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, бил физички нападнат од едно лице кое управувало патничко возило „шевролет каптива“, со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид, СВР Велес, СВР Тетово и СВР Куманово поднесоа кривични пријави против Б.М.(28) од с.Туин, кичевско, Г.С.(40) од Прилеп, В.З.(20) од с.Колари, кичевско, О.С.(35) и Б.В.(26) од с.Црвевци, кичевско, А.М.(32) и Л.Л.(28) од Кичево, Г.Б.(41) од Охрид, С.Д.(27) и Г.Д.(28) од Велес, Г.П.(33) од Кавадарци, Н.Ќ.(31) од с.Ѓурѓевиште, гостиварско и М.О. од с.Слупчане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 10.03. до 31.05.2021, се движеле без дозвола за движење за време на забрана за движење.

На 14.06.2021 во 09.00 часот во СВР Скопје, И.К.(52) пријавил дека во 08.00 часот, додека бил на своето работно место на наплатна рампа на подрачјето на Петровец, бил физичи нападнат од Н.А., исто така, вработен на наплатната рампа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.06.2021 околу 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(50) и М.Ќ.(55), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.06.2021 во 02.40 часот во Полициската станица Центар, 53-годишен маж од Скопје пријавил дека на 14.06.2021 околу 23.30 часот во Градскиот парк машко лице ја допирало по телото неговата ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.06.2021 во 12.30 часот во СВР Скопје, П.К.(32) од Скопје пријавил дека на Средно Водно во Скопје бил каснат од куче скитник.

By Admin