На 12.06.2021 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар ја лишиле од слобода Г.С.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа билe пронајдени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.06.2021 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.06.2021 од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога  оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија од слобода се лишени Т.Т.(32) од Скопје и А.Н.(30) од Охрид. При преглед извршен над нив, полициски службеници кај двајцата пронашле и одзеле амфетамини. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

На 12.06.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 28 мерки, од кои 5 за управување без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 15 санкционирани мотоциклисти и 7 возачи кај кои е утврдено  присуство на алкохол.

На 12.06.2021 во 22.30 часот во Полициското одделение Петровец биле приведени Н.Б.(26), С.Е.(27) и М.Г.(20), сите од с.Брест, поради постоење основи на сомнение дека во с.Јурумлери, скопско, во плац за дрва истовариле огревни дрва од товарно возило, на кои немало доволен број на жигови, а воедно приведените немале ни документи за идентификација. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 13.06.2021 во периодот од 00.00 часот до 04.00 часот било констатирано дека 43 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (12/13.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија за мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 117 прекршоци.

На 12.06.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 за управување под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање. 

By Admin