Полициските службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од државниот пазарен инспекторат извршиле контрола и затвориле објект во с.Горно Седларце во Тетово.Имено во објектот во моментот на контролата имало 35 гости и 18 девојки кои ги забавувале истите.

Во периодот од 22:20 часот на 29.05.2021 до 01:00 часот на 30.05.2021,во објектот во сопственост на А.А.(30) од с.Боговиње. При контролата, во објектот биле затекнати 35 лица – гости и 18 женски лица кои ги забавувале гостите(14 странски државјанки и четири македонски државјанки). За 11 странски државјанки(осум од Албанија, две од Косово и една од Украина) било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во СВР Тетово бил извршен разговор со сопственикот и ќе следува соодветна пријава. Од ДПИ, исто така, ќе бидат преземени мерки по член 206 од Кривичниот законик.

By Author