На 29.04.2021 во 13.30 часот на ул.„Живко Чинго“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Н.(29) од Охрид, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.04.2021 во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(38) од с.Франгово, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ловна пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.04.2021 во 22.40 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.Д.(43) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана и затоа што се движел без дозвола за време на забрана за движење. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 29.04.2021 во 13.45 часот на ул.„Живко Чинго“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(25) од Охрид, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.04.2021 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола во врска со пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населени места. Притоа, било констатирано дека 72 (ТЕ-23 и ГВ-49) возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. За сите прекршители изготвени се соодветни поднесоци, напоменувајќи дека паричната казна за овој вид на прекршок изнесува од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а следи и заштитна мерка забрана за управување на возило во времетраење од три до 12 месеци.
На 29.04.2021 во 14.05 часот на патот Крушеани – Обршани, општина Кривогаштани, кај место викано „Бревче“, патничко возило „југо“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(67) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, излетало од патот. Притоа, возачот починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 29.04.2021 во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, И.Т.(35) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 29.04.2021 во 09.30 во Полициската станица Чаир, И.С.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ бил каснат од куче скитник.