„Секогаш би се погрижила да ја извади шминката на крајот од денот и да го одржува лицето чисто пред да нанесе шминка“, открива некогашната шминкерка на принцезата Дијана.

Беше запамтена како една од најголемите природни убавици, но принцезата Дијана имаше проблеми и со несовршености на кожата, таа имаше црвенило на кожата. Но сепак, и покрај овие проблеми, нејзината кожа изгледаше негувано, сјајно и чисто.

Нејзината шминкерка и пријателка Мери Гринвел откри како го постигнала тоа:

“Беше многу разумна кога станува збор за кожата. Секогаш би се погрижила да ја извади шминката на крајот на денот и да го одржува лицето чисто пред шминкање “, рече Гринвел. Таа верува дека Лејди Ди би користела соодветни препарати како креми и серуми за позрела кожа денес.

Рутината на Дијана вклучувала едноставна маска за лице од авокадо:

Едноставна маска за кожа од авокадо

Состојки:

половина зрело авокадо

2 лажици топла вода

1 лажица мед

Употреба:

Авокадото испасирајте го. Растопете го медот во топла вода, а потоа додадете го авокадото и измешајте сè заедно во компактна смеса. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да делува 10 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода.

By Admin