Пејачката отворено проговори за се

Распадот на групата „Hurricane“ изненади многумина, а сега се огласи и Марија Шерифовиќ која изјави дека многу ппед сите знаела што ќе се случи.

– Сето тоа го видов, знам за тоа. Знам за што се работи, но знаев за тоа уште пред да стане јавна вест. Девојките и менаџментот имаат долги години фантастична соработка, а брендот ќе остане да постои – изјави Марија Шерифовиќ за групата „Hurricane“.

– Доаѓаат некои нови девојки. Можам само да кажам дека некаде ми е жал за тоа, но сакам да им посакам се најдобро на Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ. Им посакувам среќа во соло кариерата и секоја друга работа, задачи што животот ќе им ѓи сервира– заинтригирала единствената српска победничка на „Евровизија“.

Марија синоќа ја коментираше Констракта и нејзините шанси на фестивалот во Италија.

https://www.instagram.com/p/CdWOD6WudpJ/

На 12 мај, кога ќе биде полуфиналналето на Констракта, ќе ја прославам мојата слава со целото мое срце, скромно, во кругот на семејството и пријателите, славам 15 години од победата на „Евровизија“, како и, сигурна сум, влезот на Србија во финале, тоа е најтешкиот дел. Сега, тоа што ќе се случи понатаму е навистина прашање на судбина, комети, планети, но сигурна сум дека пласманот ќе биде многу, многу добар – изјави Марија.

Извор: Новости

By Author