Преслатките кучиња Симба, Ања, Гизмо, Клер, Холи, Џеси, Мино и Нино со нетрпение чекаат да израдуваат нечие семејство. Доколку сеуште размислувате да вдомите куче со неодоливо мил карактер, весела природа и единствен темперамент и притоа ќе го исполни вашиот дом со многу смеа и забава испратете меил на на vdomi@lajka.com.mk, стои во соопштението од Лајка.
Како што информираат овие мали крзнени пријатели згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка се комплетно здрави единки и го имаат поминато целиот хуман третман во прифатилиштето на ЈП Лајка. Имаат уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода. Секое куче го добивате со пасош, прочистено од внатрешни и надворешни паразити, стерилизирано/кастрирано, чипирано, вакцинирано од заразни болести, избањата со стекнати хигиенски навики.
Доколку сте во можност и имате желба побрзајте да вдомите, пред да бидат вратени на локацијата на која биле претходно!