Лубеницата е една од главните ѕвезди на летото. Ја гаси жедта, освежува и е нискокалоричена.
Може да обезбеди непроценлив внес на вода, особено за постарите лица. Од другите овошја се разликува по големината, тежината и содржината на вода.
Лубеницата е исто така одличен извор на антиоксидантни витамини како А и Ц, Б витамини и минерали, особено калиум, магнезиум и фосфор.
Семките кои најчесто не излудуваат затоа што не спречуваат да уживаме во освежителното овошје (технички лубеницата е зеленчук, но поради слаткиот вкус сите ја класифицираат како овошје), всушност се вистинско мало богатство за здравјето. Ако се конзумираат правилно, тие можат да бидат неверојатно корисни за нашето тело.
Како што е случајот со семките од сончоглед или тиква, главната компонента на семките од лубеница се влакната.
За да не ги јадете сирови, што може да биде штетно, можете да ги чувате во текот на целата година со сушење во рерна на 150 °C, 15 на минути, што исто така ги прави сварливи. Сувите семки од лубеница се одличен додаток на секоја салата, и тие се на ниво со семките од сончоглед и тиква.
Покрај тоа, можете да направите и чај од семки од лубеница, кој е еден од најдобрите лекови за чистење на бубрезите, цревата и мочниот меур.
Еве како да го направите:
Користете 4 лажици свежи семки од лубеница кои се истолчени или сецкани во блендер и се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина треба да се подели и да се пие во текот на два дена, а третиот ден има пауза.
Така, процесот продолжува неколку недели во исти интервали од два дена употреба со еден слободен ден.
Употребата на овие семиња, без разлика дали се во форма на чај или грицки, се препорачува за зајакнување на меморијата и концентрацијата, па дури и за сјајот и убавината на кожата. Семките од лубеница го зајакнуваат срцето како и сите мускули во телото.
Семките од лубеница се одлично средство за зајакнување на либидото и потенцијата кај мажите. Чајот од семки се препорачува и за дијабетичари како средство за лекување на дијабетес тип 2.
Семките од лубеница се одличен извор на магнезиум, железо, витамини А, Б, Ц, антиоксиданси, калциум, калиум, манган и ниацин.