Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на САД за „хуманитарна пауза“ за заштита на цивилите и дозволување помош за Газа, инсистирајќи дека нема прекин на огнот додека милитантната група Хамас не ослободи 240 заложници.

Нов рок на ИД: Цивилите имаат три часа да се движат од север кон југ на Газа
Израелската војска објави нова, тричасовна временска рамка за движење на цивилите во северниот дел на Газа кон југ.

Израелските одбранбени сили (ИД) во порака до жителите на северот на Газа наведоа дека коридорот за евакуација – патот Салах ад Дин денеска е отворен од 13 до 16 часот.

– Доколку се грижите за себе и за вашите најблиски, следете ги нашите упатства за да одите на југ – се вели во соопштението на израелската армија.

Џулиет Тума, директорка за комуникации на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), потврди за Ројтерс дека е погодено училиште кое го води светската организација. Меѓу жртвите има и деца, но УНРВА се уште не го потврдува точниот број на загинати.

„Најмалку еден воздушен напад го погоди училишното игралиште каде имаше шатори за бегалските семејства. „Вториот напад погоди училиште во кое жените печеа леб“, рече таа во телефонска изјава. Фотографиите на Ројтерс по ударот покажуваат уништен мебел и друг имот расфрлан на подот, локви крв и луѓе кои плачат.

Крвавиот биланс на 29-тиот ден од војната на Блискиот Исток покажува дека повеќе од 9.200 Палестинци се убиени, од кои две третини жени и деца, а повеќе од 1.400 Израелци, додека повеќе од 250.000 луѓе се евакуирани од северен и јужен Израел. .

Во вчерашните напади Израел бомбардираше една од најголемите болници во Појасот Газа, болницата Ал-Шифа, во која има „десетици жртви“, изјави портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ашраф ал Кудра. Во нападот бил погоден и конвој на брза помош на палестинската Црвена полумесечина, при што загинале 15 лица, а повеќе од 60 се повредени.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека е „згрозен“ од нападот на израелските сили врз конвој на брза помош во Појасот Газа.

Генералниот секретар на либанското милитантно движење Хезболах Хасан Насралах вчера и се обрати на јавноста и рече дека војната меѓу Израел и Хамас, која ја нарече „Ал Акса поплава“, е неопходна за „палестинското прашање“ повторно да стане главно, и дека Хезболах е во војна од 8 октомври.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен отпатува во Израел по трет пат од почетокот на војната, при што ја потврди американската поддршка за Израел во „победувањето на Хамас“, а исто така потврди американска помош од 14,3 милијарди долари.

By Author