Според министерот за надворешни работи, повеќе од 30 години Русија „акумулирала многу разбирање за тоа како да продолжи понатаму“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека доколку Западот ги отфрли руските предлози за безбедносни гаранции, Москва ќе ја процени ситуацијата и ќе донесе одлука земајќи ги предвид сите фактори во интерес на обезбедување на националната безбедност.

Лавров на годишната прес конференција на Министерството за надворешни работи рекол дека одговорот на Русија, може да биде многу различен доколку САД не гарантираат за неширењето на НАТО пренесува РИА-Новости

„Не можам да додадам ништо на она што го кажа претседателот Путин… Одговорот може да биде многу различен, зависи од предлогот што нашите воени експерти ќе му го дадат на претседателот на Русија. Затоа, сега не вреди да се погодува“, рече Лавров.

Тој посочи дека Руската Федерација нема да чека бесконечно на одговори од Западот и дека Москва се подготвува за каков било развој додека чека одговор од САД и НАТО за безбедносните гаранции.

Тој изјави дека одговорите на Западот мора да бидат напишани.

„Ни снема трпение. Знаете, ние сме многу трпеливи. Сепак, многу се воздржавме, време е да продолжиме понатаму“, рече Лавров, додавајќи дека Русија чека конкретни одговори на нејзините предлози.

Рускиот министер рече дека западните земји придонесуваат за негативниот развој на настаните и дека во светот се акумулира потенцијал за конфликт.

„Западните колеги даваат одлучувачки придонес за овој негативен развој, тие поставија курс кој ја поткопува архитектурата на меѓународните односи врз основа на Повелбата на ОН и се обидува да го заменат меѓународното право со свои правила“, рече Лавров.

Тој додаде дека НАТО продолжува со обидите вештачки да ги привлече Украина и скандинавските земји во своето членство.
Лаврод рече и дека Москва сега го покренала прашањето за непроширување на НАТО бидејќи, како што рече, „се акумулирало“.

By Author