Кокосот и белите чоколади се состојки кои одлично одат една со друга, особено кога се користат за подготовка на торта. Прочитајте го рецептот за оваа кремаста фантазија, во која доминираат вкусовите на кокос и бело чоколадо.
За кора:
– 275 грама брашно
– 100 грама кокосово брашно
– 200 грама шеќер
– 1 ванилин шеќер (или 2 лажички екстракт од ванила)
– 170 грама путер
– 5 белки
– 120 мл павлака
– 240 мл кокосово млеко
– 2 лажички прашок за пециво
– Половина лажичка сода бикарбона
– малку сол
За крем:
– 5 жолчки
– 2 лажици шеќер
– 500 грама бело чоколадо
– 250 мл слатка павлака
Дополнително:
– кокос за украсување
Подготовка:
1. Сите состојки за бисквитот мора да бидат на собна температура, па извадете ги путерот, белките и павлаката од фрижидерот околу 40 минути пред да почнете да ги прготвувате. Одделете ги белките од жолчките. Во една чинија просејте брашното пецивото и сода бикарбона, додадете сол, а потоа и кокосово брашно и измешајте сè заедно.
2. Ставете шеќер, ванила или екстракт и путер во друг сад за мешање и мешајте со најголема брзина околу две минути додека не добиете убава и мазна кремаста смес. Потоа малку по малку додадете ги белките во смесата и добро промешајте по секое додавање. Кога ќе се додадат сите белки, додадете ја павлаката и измешајте. Намалете ја брзината и наизменично додавајте го брашното кое претходно го соединивте со содата, солтта и пециво. Мешајте со мала брзина додека не се соединат сите состојки и добиете компактна смеса.
3. Подгответе два кружни калапи со иста големина. Премачкајте ги со малку путер истурете ја сместа и печете 20 минути на 180 Целзиусови степени. По печењето, оставете ја кората целосно да се излади во калапот. Само кога тие се целосно ладни, можете да започнете со полнење и украсување
4. Започнете со подготовка на кремот. Измешајте ги жолчките со шеќер и ставете ги на пареа помеѓу 5 до 10 минути со постојано мешање на смесата за да не се залепи во садот. Кога ќе ги тргнете од оган, промешајте го кремот уште малку додека не влезе постуден воздух и не ги излади. Искинете го белото чоколадо во коцки и ставете го во сад. Загрејте ја слатката павлака до вриење и веднаш прелијте врз чоколадата. Измешајте го чоколадото додека не се стопи целосно и соединете го со кремот. Потоа додадете ги зготвените жолчки од јајце во смесата, измешајте сè добро со процесор за храна и шпатула и оставете да се излади. Покријте го садот со најлонска фолија.
5. Кога кремот е ладен, затегнат и густ по околу еден час или два, започнете да ја полните тортата. Ставете половина од кремот на првата кора и рамномерно распоредете се кон рабовите. Не грижете се ако кремот излезе преку работ, сето тоа ќе го измазните подоцна со шпатула. Поставете ја втората кора над кремот и само малку притиснете со дланките за да ја исцедите малку. Раширете го другиот дел од кремот над горниот дел од тортата добро премачкајте ја цела торта, посипете со кокос и оставете да се излади.
Добар апетит!